top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Принцот Хари ќе седи 10 реда зад семејството на крунисувањето, вели поранешен батлер

Се ближи крунисувањето на кралот Чарлс, кое ќе се одржи на 6 мај, а неговиот помлад син, принцот Хари, е една од главните теми за кои медиумите не престануваат да пишуваат. Отуѓениот син на кралот минатата година крена голема прашина и иако на крунисувањето ќе присуствува без сопругата Меган Маркл, тој нема да седи со кралското семејство, пишува „Сан“. Весникот го цитира поранешниот кралски батлер Пол Барел, кој вели дека Хари ќе седи 10 реда зад Виндзорови, далеку од остатокот на кралското семејство. Барел изјавил дека на овој настан Хари сигурно нема да се смири со татка си и со семејството и дека нема да има можност ниту да разговара со нив. „На крунисувањето доаѓа само да се покаже“, изјави батлерот. „Мали се шансите за помирување во блиска иднина. Се плашам дека ќе има многу студен прием кај кралското семејство“, рече Барел, долгогодишниот батлер на принцезата Дијана, кој беше познат како нејзин доверлив човек. Прославата на крунисувањето ќе трае три дена, но Хари нема да присуствува на прославата. Имено, неговиот син Арчи тој ден го слави четвртиот роденден поради што Хари веднаш по крунисувањето, ќе полета со авион за Калифорнија за да присуствува на роденденската забава.



0 views

Comments


bottom of page