top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Принцот Хари и Меган поканети на јубилејот на кралицата, но нема да имаат централна улога

Кралицата Елизабета Втора ги поканила војводата и војвотката од Сасекс да му се придружат на кралското семејство на балконот на Бакингемската палата на парадата Trooping the Color во јуни по повод нејзиниот роденден, тврдат извори блиски до палатата. Но, неработните членови на палатата, или фирмата, како што ја нарекуваат британските медиуми, не можат да учествуваат во парадата или да имаат некоја централна улога во јубилејни настани. Ова ја прави многу мала веројатноста дека парот ќе има улога во прославата на кралицата по повод 70 години на тронот. Се разбира дека најголема желба на нејзиното височество е да го види своето семејство повторно обединето на балконот за време на четиридневната прослава, пишува „Експрес“. Но, извори блиски до палатата рекоа дека овие тврдења се шпекулации и дека Бакингемската палата одбила да ги коментира. Хари и Меган се сретнаа со Чарлс, Камила и кралицата во замокот Виндзор во четвртокот за време на нивната прва средба лице в лице по повеќе од две години. Војводата од Сасекс му понуди „маслиново гранче“ на својот татко пред тој и Меган да пристигнат на тајни разговори, објавија британски медиуми. Тие цитираат инсајдер во врска со посетата на Обединетото Кралство во четвртокот. „Хари го контактираше својот татко и тој изјави желба да се сретнат,“ вели изворот близок до палатата. Наводно, Хари и Меган ѝ ветиле на кралицата дека ќе ги прегрне своите правнуци Арчи и Лилибет во блиска иднина. Блескавата двојка следниот ден пристигна во Холандија за да се сретне со натпреварувачите на игрите „Инвиктус“ – нивно прво појавување заедно во Европа по ‘Мегзитот’ пред две години. А што се однесува до претстојната роденденска прослава на Елизабета Втора, палатата стравува дека појавувањето на Хари и Меган може да го засени јубилејот на кралицата. Според кралскиот автор Фил Дампиер, ќе бидат потребни детални преговори и балансирање за да се избегне двојката да го засени настанот. „Ќе мора однапред да се знае на кои настани ќе бидат видени и да биде договорено сите да пеат од истиот лист песни“, изјави тој за „Мејл онлајн“. Кралицата во јуни ќе слави седум децении владеење. Платинестиот јубилеј ќе се прославува во целата земја со продолжен празничен викенд од 2 до 5 јуни.



1 view

Kommentare


bottom of page