Принцот Хари и Меган, најверојатно, ќе го прослават првиот роденден на Лилибет во Британија
Лилибет ќе наполни една година на 4 јуни, што се поклопува со платинестиот јубилеен викенд, пренесуваат британските медиуми. Добивај вести на вибер Војводата и војвотката од Сасекс ќе дојдат во Британија за да присуствуваат на четиридневните прослави заедно со ќерката, која сè уште не ја запознала својата прабаба, кралицата Елизабета Втора, и синот Арчи, кој изминатиот викенд наполни три години. Кралскиот експерт Емили Неш напиша на „Твитер“: „Изгледа дека Лилибет ќе го одбележи својот прв роденден во Обединетото Кралство истиот викенд на прослава на историскиот платинест јубилеј на својата прабаба“. „И таа ќе се сретне со кралицата првпат“. Не е познато на кој од настаните по повод јубилејот ќе присуствуваат Сасексови. Продолжениот викенд во кој се слават неверојатните 70 години на тронот на кралицата ќе почне со воената парада Trooping the Color в четврток на 2 јуни.
Comments