top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Принцот Хари и Меган Маркл конечно ги вратија клучевите од нивниот дом во Англија

Од Бакингемската палата во Лондон, стигна потврда дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, неодамна го напуштиле својот поранешен дом Фрогмор, на имотот Виндзор, кој го користеа за време на нивните посети на Велика Британија, пишува „Дејли мејл“.

Причината за овој чекор, е објавата на контроверзната биографија на принцот Хари наречена „Резерва“, која во јануари годинава пренесе крајно критички реакции кон кралското семејство.

Палатата Фрогмор, е прекрасна резиденција со површина од над 400 квадратни метри, која е во сопственост на кралското семејство, а покојната кралица Елизабета Втора, на парот им ја понуди како нивен дом, по венчавката во 2019 година.

Откако се повлекоа од кралските должности во 2020 година, принцот Хари и Меган живеат во Калифорнија, Америка. Според информациите кои ги пренесоа британските медиуми, претходниот договор со кралското семејство, им овозможувал да ја користат палатата Фрогмор во текот на целата година. Меѓутоа, откако официјално се преселиле во Америка, парот ретко престојувал во резиденцијата.

„Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс го напуштија Фрогмор“, изјавил Мајкл Стивенс, функционер на кралските финансии.

Бакингемската палата сè уште не открила кој ќе биде новиот сопственик на Фрогмор, па останува отворено прашањето кој оваа прекрасна резиденција ќе ја користи како свој дом во иднина.

Според британските медиуми, кралот Чарлс, наводно, сака неговиот брат Ендрју да ја напушти многу поголемиот дом на имотот Виндзор и да го преземе сопствеништвото врз Фрогмор.





1 view

Comments


bottom of page