top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Принцот Хари доаѓа во Британија, а кралот Чарлс на соло патување надвор од земјата

Принцот Хари го тужи „Мирор њуз груп“ (МНГ) за хакирање на телефонот и бидејќи судскиот спор се води во Лондон, војводата од Сасекс е принуден често да патува од САД до Обединетото Кралство и назад. Тој ќе се појави во суд следната недела, на 5 јуни, за да даде докази за своите тврдења. Овој дел од судскиот процес би можел да вклучи еден од најгласните критичари на Сасекси, Пирс Морган, кој порано бил уредник на „Мирор“. Принцот Хари тврди дека Пирс Морган бил свесен за ситуацијата со хакирање, па дури и ги охрабрувал незаконските дејства. Принцот Хари не е единствената позната личност од висок профил што тужи таблоиди поради хакирање телефони и други незаконски активности. Актерот Хју Грант исто така поведе тужба против весникот „Сан“ со слични тврдења. Бидејќи принцот се враќа во Обединетото Кралство, прашањето што многумина го поставија е дали ќе го посети својот татко или други членови на семејството? Хари нема да го види кралот Чарлс, дознаваат медиумите. Како што објави „Телеграф“, принцот ќе допатува на почетокот на следната недела во рамките на судскиот спор против МНГ, но војводата од Сасекс нема да може да се види со својот татко, дури и ако планирал. Претстојната посета на принцот Хари се совпаѓа со приватната посета на кралот Чарлс на Трансилванија, каде што тој поседува имот. Кралот наводно има долга историја со Романија и ужива кога патува во оваа земја, каде што оди на планинарење и јавање. Весникот потсетува дека еднаш во годината тој оди во Романија. Кралот наводно поседува 10 куќи во Романија, а првата ја купил во 2006 година во селото Вискри. Според „Телеграф“, домот на Чарлс Трети во Трансилванија нема вајфај-сигнал, телевизија или радио. Тој сам ќе патува во Романија, а неговата сопруга Камила останува во Велика Британија.



0 views

Comments


bottom of page