top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Принцот Вилијам откри дека син му Џорџ ги сака „Еј-си/Ди-си“ и „Лед цепелин“

Принцот Џорџ (9) е голем фан на рок-бендовите „Еј-си/Ди-си“ и „Лед цепелин“. Музичкиот вкус на малиот принц го откри татко му кога заедно со својата сопруга, принцезата од Велс, се сретнаа со славениците на настанот „Големиот ручек“ во близина на Виндзор еден ден по крунисувањето на кралот Чарлс. Керолин Малвихил, од рок-хорот во Виндзор и Мејденхед, која разговараше со принцот Вилијам (40), рече: „Разговаравме за видот музика што ја пееме во рок-хорот и Вилијам ни кажа дека во нивното домаќинство сите имаат прилично разновиден вкус за музика и дека Џорџ ги сака „Еј-си/Ди-си“ и „Лед цепелин“. Беше доста интересно да се слушне тоа“. Џорџ ја одигра својата прва поголема церемонијална улога на крунисувањето на својот дедо како почесен паж.



1 view

Kommentare


bottom of page