Search
Принцезата Шарлот го следеше финалето на Вимблдон со својата мајка, а со еден потег ги насмеа фановите
- Aleksandar Santovski
- Jul 15, 2024
- 1 min read
15.07.2024 juli Ponedelnik
Принцезата Шарлот го следеше финалето на Вимблдон со мајка си Кејт Мидлтон, во кое Шпанецот Карлос Алкараз го победи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
9-годишната принцеза е љубител на спортот исто како и мајка ѝ, која ја воодушеви публиката кога се појави на Вимблдон со ќерка си и сестра ѝ Пипа.
Шарлот и Кејт тензично го следеа финалето, а малата принцеза е снимена како навива од кралската ложа. Таа во еден момент од возбуда си ја гризна косата и ги насмеа обожавателите, а фотографиите го обиколија светот.
Comments