Принцезата Кејт блеска на свечен банкет, Британците одушевени од тијарата
Британскиот крал Чарлс Трети го одржа својот прв државен банкет, а на свечениот прием во Бакингемската палата го угости и претседателот на Јужноафриканската Република Сирил Рамафоза. На вечерата со јужноафриканскиот претседател беа сите важни членови на кралското семејство, вклучувајќи ги принцезата Кејт и принцот Вилијам, принцот Едвард и неговата сопруга Софи, војводата и војвотката од Глочестер и војводата од Кент. Сите гости, судејќи според пишувањата на британските медиуми, останаа во сенка на принцезата Кејт. Елегантната принцеза од Велс на приемот се појави во долг бел фустан, а на главата носеше дијамантска тијара. Тијарата Lover’s Knot е една од омилените на принцезата Кејт, а ѝ ја подарила покојната кралица Елизабета. Оваа тијара ѝ беше омилена и на нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана.
Comments