top of page

Прилеп го задржа тренерот Танески и уште двајца носители на играта!

31.03.2026 Mart Vtornik

Екипата на Прилеп формира ростер за следната сезона и постигна договор со тренерот и уште двајца носители на играта.

Од клубот информираат дека продолжена е соработката со стратегот Наум Танески. Во екипата останува и главниот стрелец Димитар Димитриоски, а исто така нов договор доби и уште еден важен играч, Никола Шипинкоски.

Прилеп оваа сезона игра во плеј-аутот на Суперлигата, а следната година сака повисок дострел во македонскиот ракомет.


 
 
 

Comments


bottom of page