top of page

„Приказни што оживуваат“ продолжува со креативна работилница посветена на Винсент ван Гог

Nov 9
2 min read

09.11.2026 Noemvri Ponedelnik

Креативниот центар „Сончогледи“ на 12 ноември (четврток), со почеток во 18 часот, ќе јареализира четвртата креативна работилница од циклусот „Приказни што оживуваат –уметност, литература и пантомима за деца“, посветена на животот и творештвото на еденод најзначајните претставници на постимпресионизмот – Винсент ван Гог.

Преку запознавање со животот, уметничките идеи и најпознатите дела на Ван Гог, учесниците ќе имаат можност да го истражат неговиот специфичен сликарски израз, препознатлив по интензивните бои, динамичните композиции и карактеристичните вртливи потези на четката. Во фокусот ќе бидат дела како „Ѕвездена ноќ“ и „Сончогледи“, преку кои децата и младите ќе откриваат како уметноста може да пренесе емоции, движење и лични доживувања.

Работилницата ќе ги обедини литературата, визуелната уметност, глумата и пантомимата.

Преку раскажување, набљудување и анализа на уметнички дела, како и интерактивни драмски и пантомимски активности, учесниците ќе ја истражуваат атмосферата на сликитеи ќе се обидат да ги преточат боите, формите и движењата во невербален израз.

Практичниот ликовен дел овојпат ќе биде посветен на работа со полимерна глина.

Инспирирани од мотивите и колоритот на Ван Гог, учесниците ќе моделираат и обликуваат сопствени тридимензионални креации, трансформирајќи ги препознатливите елементи од неговото сликарство во нови уметнички форми. На овој начин, преку непосредно творечко искуство, ќе ја истражуваат врската меѓу сликарството, материјалот и просторната форма.

Работилницата е наменета за деца и млади од 6-годишна возраст, а ќе ја водат МаринаТуфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност;Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог – вајар и магистер по сликарство; и Метo Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар.

Работилницата ќе се одржи во Креативниот центар „Сончогледи“, Т.Ц. Олимпико, трет кат,Тафталиџе. Учеството е бесплатно, но потребно е претходно пријавување.

Проектот „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ е финансиски поддржан од Град Скопје.


 
 
 

Comments


bottom of page