top of page

Приказната продолжува: Ал Наср го потврди новиот договор на Роналдо

26.06.2025 Juni Cetvrtok

Кристијано Роналдо ќе остане во Ал Наср и наредните две сезони и продолжува да биде прва ѕвезда на екипата која во иднина би требало да има уште поголеми амбиции.

Клубот од Саудиска Арабија денеска официјално соопшти дека Португалецот ја прифатил понудата и ќе има обврски кон Ал Наср до јуни 2027 година, кога фудбалерот ќе има полни 42 години.

Роналдо пристигна во Ријад во 2023 година и ја отвори серијата трансфери на големи ѕвезди кои ја напуштија Европа и се преселија во Саудиска Арабија, но барем засега не успеа да ги освои најпосакуваните трофеи со Ал Наср.

Кристијано досега заработуваше по 200 милиони евра по сезона и условите од новиот договор веројатно се на слично ниво, а на 111 натпревари постигна вкупно 99 голови.


 
 
 

Comentarios


bottom of page