top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Признание за асот на „штрковите“: Кук од МЗТ е играч на колото во АБА лигата (ВИДЕО)

МЗТ Скопје направи изненадување и го „зема скалпот“ на Цедевита Олимпија во АБА лигата, победа која може многу да значи во борбата за опстанок во оваа конкуренција.

Најзаслужен за истата беше новајлијата во редовите на „штрковите“, Кеандре Кук кој во првиот свој меч по повредата (се повреди на дебито против Партизан) одигра фантастично и со 26 поени, 5 скока, 1 асистенција, 1 украдена топка и вкупно 31 индексен поен го заслужи признанието МВП на 18. рунда во регионалното натпреварување.

Тој имаше трет најдобар учинок во колото зад Хантер Хејл од Борац Чачак и Лука Божиќ од Задар, но нивните екипиз агубија, па Кук дојде до титулата најдобар играч во АБА лигата.



0 views

Comments


bottom of page