top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Признавам не можам без тебе“ - Маријана и Росана пееја заедно по 20 години и ја разнежија публиката

Сестрите Маријана и Росана, кои беа едни од најпопуларните македонски дуети во 1980-те години, по скоро 2 децении запеаја заедно во живо пред скопската публика.

На покана на Дац и Александар, тие вчеравечер (06.07) настапија во еден скопски локал и ги испеаја антологиските песни што им ја одбележаа кариерата, но и младоста на една генерација – „Едно срце имам душо“, „Признавам“ и „Свири ми брате цигане“.

Маријана и Росана пееја во преполниот клуб, а публиката пееше во еден глас со нив и уживаа во неверојатната можност да ги слушнат првпат по многу години.

Александар и Дац, кои беа иницијатори на овој настап, на Фејсбук објавија дел од видеото од настапот на познатите сестри, чии песни и денес се пеат на секоја прослава.

„Погледнете како се забавувавме вчера... Сите заедно пеевме во еден глас со Маријана и Росана. Реприза навистина нема, но има кратко видео кое ќе остане засекогаш“, напишаа тие и најавија дека наскоро ќе имаат нови гости на нивите свирки.

Претходно Дац и Александар објавија и заедничка фотка со Маријана и Росана.

„Конечно се комплетиравме. Со нашите драги Маријана и Росана утре ќе запееме. Ова се случува еднаш и реприза нема“, стоеше во тогаш во нивната најава.

Инаку, Росана која долго не беше активна на музичката сцена, изминативе години повторно почна да пее.

Маријана, пак, откако се пресели во Австралија, се откажа од кариерата и не настапува јавно, но понекогаш знае да запее кога е во друштво на свои блиски пријатели.







2 views

Comments


bottom of page