top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претстојат големи промени во Лигата на шампионите?

03.12.2020

ФУДБАЛ

Во Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал ќе има поголеми промени, први по повеќе од една деценија, станува збор за нов формат и за примена на т.н. „швајцарски систем“, пишува во написот на весникот „Тајмс“. Британскиот весник пишува дека официјалните лица на Европската фудбалска унија (УЕФА) се залагаат за нов формат, според кој секој тим што ќе се квалификува за ЛШ ќе одигра 10 натпревари во групната фаза, сите против различни тимови (една лига со вкупно 32 тима). Според „Тајмс“, УЕФА неделава треба да разговара на оваа тема, а промените во форматот се планираат од сезоната 2024/2025. Сегашниот систем на натпревари би траел до 2024 година, но има многу идеи за тоа како да се подобри форматот. Се чини дека главната цел на Европската фудбалска унија е големите тимови почесто да играат едни против други, пишува „Тајмс“. Промената на форматот има цел натпреварите во групната фаза да бидат поинтересни и поконкурентни и секоја екипа да одигра уште четири дополнителни натпревари во групата, наместо сегашните шест. Новите четири натпревари за секој тим веројатно би значело и повеќе пари од спонзорите и од ТВ-компаниите.

Останува да се види како ќе се додадат четирите натпревари во распоредот, но повеќе од веројатно е дека натпреварите во групната фаза на Лигата на шампионите би се играле и во јануари и во февруари. Исто така, се верува дека овој модел, со 10 натпревари за секој тим во групната фаза, ќе спречи некои од најголемите клубови во Европа да се отцепат од УЕФА и да формираат сопствена Суперлига, како што се спомнуваше повеќепати во минатото. Примената на т.н. „швајцарски систем“ во Лигата на шампионите ќе значи повеќе натпревари меѓу најголемите тимови уште во групната фаза. Тоа ќе значи и дека секој тим ќе има различен пат до нокаут-рундата, што ќе биде освежување на постојниот формат, каде што често се случуваше најголемите клубови да се квалификуваат меѓу најдобрите 16 на две кола до крајот од групната фаза



2 views

Comments


bottom of page