Претставување на литературен портрет на авторката,поетеса, писател на книги и афоризми од Кочани Македонија на Ленче Стоименова на Саемот на книгата 2026 во сала Борис Трајковски во Скопје
- Aleksandar Santovski
- May 4
- 2 min read
04.05.2026 Maj Ponedelnik
Фото и видео подоле од настанот
На 24.04.2026 Април Петок се одржа настан во салата спортска Борис Трајковски во Скопје Македонија,.на Саемот за Книга 2026 ,.настан со наслов Претставуванње на литературниот портрет на авторката-поетеса,писател,и писател на афоризми Госпоѓата Ленче Стоименова од Кочани ,.со наслов ,.Отворен прозорец кон нови светови,. Учесници на ова претставување за Ленче Стоименова кои го отворија настанот беа-Марјан Гијовски од Скопје и поетесата Марина Гоцевска од Кочани ,.На настанот присуствуваа многу пријатели кои ја познаваат, почитувачи на делото, роднини,,но и тие кои сакаа да се запознаат со се што твори Ленче .Сите пријатно уживаа во настанот,а секако тука беа и неколку медиуми кои направија интервју кратко и го снимија овој настан како што е овој на Space Radio -Macedonia-Skopje на сопственикот ,уредник и водител,и композитор музичар Александар Сантовски кој го сними целиот настан,.Настанот помина прекрасно ,беа презентирани и сите дипломи што ги има добиено Ленче на секое гостуванње каде одела ,па сите имавме можност и да ги видиме . Настанот уште поубав беше и по тоа што можеа сите присутни да уживаат и да запеат по некоја песна која се свиреше и беше отпеана од сопругот на Госпоѓата Ленче ,од Борис Стоименов кој не расположи со неколку отпеани и отсвирени песни на гитара
Ја приложувам и благодарноста на Госпоѓа Ленче Стоименова до сите кои присуствуваа на настанот;
СРЦ- „Борис Трајковски“ Скопје
Литературен портрет- промоција на моето творештво.
Прв пат влегов во овој раскошен објект и се враќам со силни впечатоци кои не се забораваат.
Огромна благодарност, непоимно огромна, до нашиот домаќин, модератор, организатор и големо срце, м-р Марјан Гијовски.
Голема благодарност и до мојот промотор м-р Марина Гоцевска за секој искажан збор за моето творештво.
Благодарност и до мојата публика која верно ме чекаше, иако малку задоцнив. До членовите на ЛК „Копнеж“ од Кочани кои дополнително го разубавија денот, до Александар Сантовски кој го снимаше целиот настан, до претставничката од МИА за интересот и присуството, до драгата Марија-претоплото поетско срценце кое пак сакам да го гушнам, до А.Виолета, С.Виолета, Н.Десанка, Ф.Тодорка, до сите драги луѓе што беа присутни. Бог да ве благослови сите. Од мене за вас ... до бескрај.
Во продолжение можете да го погледнете целиот настан и со видео снимено од Space Radio-Macedonia Skopje и снимки во самото видео и подоле од видеото.




















































Comments