top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претставата „Фирма“ на Драмски на Скопско лето

27.06.2024 juni Cetvrtok

На 45. издание на фестивалот Скопско лето, Драмски театар Скопје, на матичната сцена вечерва на 27 јуни во 20 часот ќе ја изведе претставата „Фирма“. Претставата во режија на Нела Витошевиќ, по текст на авторот Роланд Шимелфенинг, премиерно беше изведена на отворањето на фестивалот РУТА во Драмски театар на 3 октомври. Ова е 20. изведба на претставата во која глумат Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ.

Авторот во претставата храбро прави вивисекција на капиталистичкото општество и последиците што доаѓаат како резултат од така поставениот систем. Тој во преден план ја истакнува бескрупулозната борба на индивидуата која се стреми да се искачи на врвот на хиерархиската пирамида, како и проблемот на осаменоста и отуѓеноста кои се рефлексија на таквото капиталистичко уредување. Целото дејство се случува во ИТ-корпорација. Во тоа „застрашувачко“ опкружување карактерите се натпреваруваат меѓусебно за повисока позиција во фирмата. Механизмите да се стигне до врвот се бескрупулозни, карактерите се служат со вербална манипулација и лицемерство за да го зграбат она што го посакуваат. Посветени да ги добијат овие битки, тие остануваат без социјален живот, затворени во нивните големи празни станови, асоцијативни за нивната духовна и социјална празнина…


0 views

Commenti


bottom of page