Претставата „Тоска“ на Пучини во Национална опера и балет
Updated: Nov 16, 2021
15.11.2021 Noemvri Ponedelnik
Операта “Тоска“ едно од ремек делата на Џакомо Пучини ќе биде изведено в среда, 17 ноември со почеток во 20.00 ч. во Националната опера и балет.
Бисера Чадловска e диригент на операта во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска.
Весна Ѓиновска-Илкова и Зоран Сотиров ги толкуваат улогите на главната хероина Тоска и на нејзиниот љубовник Каварадоси, а Борис Трајанов е во улогата на злобниот Скарпија.
Во останатите улоги настапуваат: Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Диме Петров, Димитар Кожухаров и Десанка Глигоријевиќ.
Дел од претставата се и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Задолжително е носење на заштитна маска.
Comments