Search
Претставата „Разведи ме“ на Театар Провокација од Скопје најдобра на фестивалот во Топола, Србија
- Aleksandar Santovski
- Sep 9, 2022
- 1 min read
Театар Провокација од Скопје на 9 -от Интернационален фестивал на дуодрамата во Топола – Србија, се здоби со наградата “Најдобра претстава на фестивалот“.
Селектор на фестивалот беше, познатиот актер Ирфан Месур, додека стручното жири го сочинуваа познатите актери: Томислав Тома Трифуновић (претседател на житито), Сергеј Трифуновић и Весна Станојевић.
Театар Провокација веќе на 10.09.2022 ( сабота), со истата претстава гостува на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица.

Comments