Претставата „Професионалец“ по текст на Душан Ковачевиќ пред тетовчани
04.04.2024 April Cetvrtok
Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ утревечер ќе се игра претставата „Професионалец“ по текст на српскиот драмски писател Душан Ковачевиќ, а во режија на Саше Серафимовски. Режисерот подготви втора камерна верзија и изведба на овој текст, по првата претстава во јни 2023 година.
-Пролетна камерна изведба е втора верзија на овој драмски текст од Душан Ковачевиќ кој дозволува да се игра како, кога и каде сакате. Станува збор за безвременски текст кој нема временска рамка, може да го сместите во 80-тите или 90-ти години или сега. Тогашните проблеми, тогашните додворувачи на системот, постојат и денес. Тоа е еден од главните мотиви поради кои се работи „Професионалец“. Најчесто работеле работи кои не им биле работа, само да се додворуваат на постоечките политички номенклатури кои се на власт, информираше Саше Серафимовски на денешната прес-конференција.
Режисерот вели дека е изработена втора верзија со цел намена на играње на помали сцени низ Македонија, освен во Тетово одиме за Охрид, Куманово, Битола и Велес и во мај гостување во МНТ.
Серфимоовски воедно ја толкува улогата на главниот лик Тодор Кралевски. Настапуваат и Раде Наумчевски, Маја Николовска и Драгољуб Апостолски-Ганда. Почетокот е закажан за во 20 часот.
Comments