top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претставата “Поделби“ во режија на Југ Радивојевиќ на сцената на МНТ

29.09.2021 Septemvri Sreda

Во Македонскиот народен театар на 14 октомври со почеток во 20 часот, ќе се одигра претставата „Поделби“, од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ.

Гостувањето е копродукциски проект меѓу Српско народно позориште, Нови Сад, Народно позориште, Ниш и Народно позориште, Приштина – со седиште во Грачаница.

Станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна, „Поделби“, која премиерно беше одиграна на 11 март 2021 година во НП, Ниш. Според драматургот Кнежевиќ, за да се постави текстот „Поделби“ било неопходно да се направи драстична селекција на многубројните поединечни поделби со кои романот изобилува. Од кога основната линија е извлечена и кога личната и семејна трагедија на Урош Бабовиќ е ставена во прв план, Поделбите станаа театарски Поделби.

Покрај Небојша Савиќ (Урош Бабовиќ, селски газда) и Соња Дамјановиќ (Вида, негова жена), во претставата играат и Милош Цветковиќ, Вукашин Ранѓеловиќ, Милан Ковачевиќ, Григорије Јакишиќ, Бојана Милановиќ…



1 view

Comments


bottom of page