Претставата „Ковачи“ во Театар Куманово
Претставата „Ковачи“ од Алек Попов, во режија на Деан Дамјановски, на 6 септември, во 20 часот, ќе биде изведена на сцената на Театар Куманово. Актерска екипа ја сочинуваат: Антонио Димитриевски, Кети Дончевска-Илиќ, Горан Илиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ, Марко Трајковиќ.
– Денес сме сведоци на еден „култ“ кон среќата. Како постојано да ја бараме во секојдневните задоволства – храната, спортот, сексот, религијата, новите филозофии. Постојат цели индустрии кои ни продаваат „среќа“ – од „селф хелп“ индустријата, преку козметичката, до филмската. Претстава која нема да ве остави рамнодушни, претстава на која сме сигурни дека ќе уживате – посочуваат од Театар Куманово.
Сценограф на претставата, која викендов се изведе премиерно, е Филип Јовановски. Костимите се дело на Елена Вангеловска, драматург е Зоран Зафировски, а асистент сценограф – Крсто Богојевски.
Comments