Претставата „Кенди“ во изведба на „Златен елец“ на Скопско лето
05.07.2024 Juli Petok
Театарската претстава „Кенди“ според романот на Лук Дејвис, а во продукција на Театар „Златен елец“ ќе биде изведена вечер (20 ч) на малата сцена на Драмски Театар – Скопје во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“.
Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а во претставата играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски. Музиката е на Лука Тошев, вокал и укулеле – Лео Поповиќ, видео – Тамара Малкоска. Бојана Цилевска е автор на дизајн на постер и рекламен материјал. Фотографијата е на Стефан Самандов.
„Кенди“ е дуодрама во која се зборува за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис , авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Претставата доби Награда за најдобра партнерска игра „Бранко Ѓорчев“ на Интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино во 2023 и награда за најдобра претстава во селекција на домашна продукција „БИШ“ на МОТ 2023 година.
Comments