top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ премиерно во Битолскиот театар

30.09.2021 Septemvri Cetvrtok

На големата сцена на Народен театар-Битола вечер премиерно ќе биде одиграна ата претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ работена според романот на Хорас Мек Кој, а во режија на Мартин Кочовски.

Станува збор за театарски проект, кој го пресликува периодот од големата депресија во САД и тамошната криза, најави Иван Јерчиќ, директор на битолскиот театар.

“Ликовите се во трка за подобар живот, во натпревар на издржливост, а со цел да ја освојат главната награда. Но, оваа претстава ја третира нашата генерација, луѓето родени во 70-те и почетокот на 80-те години од минатиот век, и сегашната позиција во општеството кое во последниве триесет години е во депресија и летаргија. Претставата е посветена на проблемите кои не засегаат“, вели Јерчиќ.

Во претставата играат актерите Илина Чоревска, Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Марија Стефановска, Филип Мирчевски, Анастазија Христовска, Живко Борисов, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.

Претставата е поддржана од Министерството за култура.


3 views

Comments


bottom of page