Претставата „Вистинскиот запад“ во МКЦ
- Aleksandar Santovski
- Mar 24, 2022
- 1 min read
Денес и утре во Младинскиот културен центар ќе се одржат две изведби на претставата „Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, во режија на Борис Василески.
„Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? ‘Вистинскиот запад’ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од ‘што сум направил до сега?’ не исчезнува.“
Во претставата играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, Тања Кочовска.
Сценографија и дизајн на светло се на Мартин Манев, костимографија: Симона Даноска, музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски.

Comments