top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претставата „Бура“ на Шекспир во режија на Џон Блондел премиерно во Прилепскиот театар


05.06.2024 Juni Sreda

„Ако имаме среќа да живееме доволно долго, преживуваме бури; се вљубуваме; изневеруваме или сме изневерени; вршиме или трпиме насилство – вербално, психичко или емоционално; претрпуваме загуба; се прашуваме што нè чека; се смееме со пријателите; се каеме за грешките и чекориме кон неизвесната иднина. Бурата го содржи сето ова и уште повеќе“, вели режисерот Џон Блондел во најавата за претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, која премиерно ќе биде одржана на 5 јуни (20 ч.), во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

„Не знам ниту една друга ваква драма што ја содржи во себе целата богата сложеност на животот. Ако имаме среќа да живееме доволно долго, преживуваме бури; се вљубуваме; изневеруваме или сме изневерени; вршиме или трпиме насилство – вербално, психичко или емоционално; претрпуваме загуба; се прашуваме што нè чека; се смееме со пријателите; се каеме за грешките и чекориме кон неизвесната иднина. Бурата го содржи сето ова и уште повеќе. Тоа е прекрасно”, вели режисерот Џон Блондел во најавата за претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, која премиерно ќе биде одржана на 5 јуни (20 ч.), во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Блондел посочува и дека претставата е филозофија на животот.

„Барем Шекспир ја нуди како таква преку своето алтер его – волшебникот Просперо. И обајцата се слика на другиот: уметници што стареат и прават некаков ред во својот живот, движејќи се низ своето последно поглавје. За Шекспир, преку волшебникот Просперо, тајната на животот е да се запамети, а потоа да се прости. Иако првичната намера, можеби, била да се одмазди (тоа не е сосема јасно во текстот), Просперо наскоро открива дека мора да си прости себеси, а потоа да им прости на другите. Тоа е прекрасна драма, дива и трогателна, која иако е многу стара, истовремено е многу модерна. Како што вели големиот романски режисер Ливиу Чулеј: ‘Класиката е класика затоа што е модерна’. Неизмерно уживав во работата на оваа претстава, со овие прекрасни луѓе во Прилеп“, додаде Блондел.

Во претставата играат: Игор Трпчески, како Просперо, вистинскиот војвода од Милано; Ангела Наумоска ја толкува улогата на Миранда, ќерка му; Даниела Иваноска е Ариел, дух, ветроштина; Наташа Ачански-Калибан – роб на Просперо…

Дел од актерскиот тим се и Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа и Ана Митоска.

Инаку, „Бура“ (1611) обично се смета за последна драма на Шекспир. Имал удел и во следни соработки, но ова е негово последно напишано дело. Во него, волшебникот Просперо, поранешен војвода од Милано, живее на пуст остров со својата млада ќерка Миранда, со роботот Калибан и со духот помошник Ариел. Кога плови неговиот брат, предавникот Антонио, во близина на островот, Просперо предизвикува бура во која Антонио преживува бродолом заедно со Алонзо – кралот на Неапол, со синот на Алонзо – Фердинанд, братот Себастијан, советникот Гонзало, шутот Тринкуло и со служителот Стефано. Фердинанд, за кого мислат дека е мртов, ја запознава Миранда и се вљубува во неа. Антонио и Себастијан планираат да го убијат Алонзо, додека Тринкуло и Стефано се среќаваат со Калибан, кој ја заговара смртта на Просперо. Ариел ги спречува сите заговори; Просперо го открива својот идентитет и им простува на својот брат и на Алонзо за нивното предавство. Просперо го пушта Ариел на слобода, а другите, оставајќи го Калибан на островот, пловат кон Неапол.

Претставата е дел од годишната програма на Театарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура.

Сценографијата, костимите, светлото и плакатот се на Благој Мицевски, музиката на Томе Темелкоски, а драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.


1 view

Comments


bottom of page