top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претседателот Пендаровски одликуваше пет спортски великани со медал за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски денеска одликуваше со медал за заслуги истакнати спортисти, великани и легенди кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Пендаровски со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ ги одликуваше Лазар Лечиќ, постхумно – Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.

– Иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати.

– Претходно веќе имав можност на дел од нашите освојувачи на највредни олимписки медали да им доделам највисоки државни признанија. Денес уште пет наши спортисти, спортски работници, тренери и селектори кои стојат зад успехот на натпреварувачите, ќе добијат медали за заслуги, – рече Пендаровски во присуство на семејствата на одликуваните спортски имиња.

Лечиќ и Георгиевски се легендарни кошаркарски имиња, Богоевски е одбојкарски великан, Насев се погрижи за големите успеси на македонското борење, додека Костовски е тренер на таеквондистот Дејан Георгиевски, кој освои сребрен олимписки медал.


2 views

Comments


bottom of page