top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претседателот на Спортинг откри како Челси извисил за потписот на Угарте

Мануел Угарте е уште еден фудбалер на Спортинг, кој ќе донесе голем профит за португалскиот клуб, а се чини дека капиталот ќе пристигне од француска адреса.

Првично, најблиску до Угарте беше Челси и англиските медиуми го објавија како сигурно засилување на премиерлигашот, но ПСЖ успеал да ги расипе сметките со својата понуда.

Претседателот на Спортинг, Фредерико Варандас инсистира дека трансферот не комплетиран и открива што се случувало во преговорите за Угарте.

– Се уште немаме ништо „црно на бело“ со ПСЖ. Тој е одличен фудбалер и се однесува професионално, но засега се уште е член на Спортинг.

– Два клуба ја покрија неговата откупна клаузула и испратија понуда до фудбалерот. Првично тој се одлучи за Челси, но подоцна се премисли, – открил Варандас.


1 view

コメント


bottom of page