Претседателот на ИОК ги нарече Јапонците – Кинези
Претседателот на Интернационалниот Олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, по грешка јапонските домаќини на Олимписките игри во Токио, ги нарече Кинези, за време на посетата на јапонската престолнина.
-Напаравите Токио да бидде најдобро подготвениот град за Олимписките игри. Ова е уште позначајно со оглед на тоа во какви околности ќе се одржат Игрите. Нашата заедничка цел е безбедноста. Игри за сите, за спортистите, за сите делегациии истото е најважно за кинескиот народ – јапонскиот народ, изјави Бах.
Изјавите на првиот човек на ИОК беа преведувани на јапонски и англиски јазик, но неговата гречка не беше преведена. Меѓутоа, јапонските медиуми веднаш разбраа за што се работи и ја информираа јавноста по што почнаа и рекациите на друштвените мрежи.
Бах говорот го заврши со јапонската изрека: “Gambari mashou” , што во превод значи „Даваме се од себе“
Заради зголемувањето назаразени со коронавирусот ов Јапонија на сила е вондредна состојба , која ќе трае со 22. август. Бах во петок би требало да ја посери и Хирошима, а јапонската новинска агенција Кјодо, пренесе дека народот се противи на неговата посета.
Меѓи 50 и 80 проценти од жителите на Јапонија се против одржувањето на Олимписките игри кои ќе почнат на 23 јули, а ќе завршат на 8. август.
Comentarios