Претседателот на Интер: Клубот не е на продажба!
Фудбалерите на Интер ги израдуваа фановите со обезбедениот пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, а претседателот Стивен Жанг се обиде да ги прекине шпекулациите дека клубот се продава.
Изминатиот период се појавија информации дека Интер ангажирал две банки за да најдат заинтересиран инвеститор кој би го презел клубот од компанијата „Сунинг“, но Жанг тврди дека тоа не е точно.
– Се уверивме во квалитетите на нашата екипа и тренерот.
– Две години се шпекулира дека го продаваме клубот, но не преговараме со инвеститори и Интер не е на продажба додека јас сум претседател.
– Денешниот резултат е доказ за нашата успешна работа, освоивме трофеи, сега се најдовме и во нокаут фазата на ЛШ, такви работи одамна се немаа случувано во Интер, – изјавил задоволниот Жанг.
Comments