Претседателот на Бразил за назначувањето на Анчелоти: Зошто прво не ги врати Италијанците на СП?
- Aleksandar Santovski
- Jul 7, 2023
- 1 min read
Карло Анчелоти ќе биде следен бразилски селектор и ќе ја преземе јужноамериканската селекција следното лето, откако претходно ќе ја одработи последната сезона од договорот со Реал Мадрид.
Назначувањето на италијанскиот стручњак отвори дебата во Бразил, а еден од оние кои не се сложуваат со одлуката на федерацијата е бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.
– Ми се допаѓа Анчелоти, но тој досега не бил италијански селектор.
– Зошто прво не ги реши проблемите на Италијанците, кои ги пропуштија последните две светски првенства? прашува Лула да Силва.
– Лесно е да водиш клуб во Европа со единаесет одлично селектирани фудбалери. Тешко е да бидеш тука и да го водиш Коринтијанс, би сакал да го видам Анчелоти како ќе се снајде во овој клуб, – рекол бразилскиот претседател, алудирајќи на фактот што за привремен селектор е назначен тренерот на Коринтијанс, Фернандо Диниз.
Диниз ќе ја води селекцијата до следниот јуни, а Анчелоти ќе пристигне пред почетокот на Копа Америка.

Comments