top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претседателот на Барса во акција: Лапорта сака да донесе германски тренер на местото на Куман

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави конкретни и големи промени во клубот по крајот на оваа сезона во која екипата мора да се задоволи само со триумфот во Копа Дел Ре Голем дел од сегашните играчи можат да си заминат од „Камп Ноу“, а виси и позицијата на тренерот Роналд Куман кој во последниов месец го расипа впечатокот со оглед на тоа што тимот се сруши по шокантниот пораз од Гранада, меч во кој можеше да ја преземе лидерската позиција во Примера. Долго време медиумите го посочуваа Чави Ернандез како прв кандидат за наследник на Куман, меѓутоа Лапорта има други планови. Според извори на Радио Каталуња (РАК 1) Жоан сака да го донесе 56-годишниот Ханси Флик на клупата со каталонците и веќе се остварени првични контакти со него. Флик лично бил контактиран од првиот човек на шпанскиот великан, па останува да се види каква ќе биде одлуката на тренерот на Баерн Минхен кој си заминува по крајот на оваа сезона. Ханси важи за прв фаворит за наследник на Јоаким Лев на селекторската функција во германската репрезентација, наводно има и усмен договор, ама се уште нема ништо потпишано и поради тоа Лапорта се обидува во последен момент да го донесе на „Камп Ноу“. Флик во 2019 година седна на кормилото на „баварците“ и освои седум од можни девет титули.


1 view

Comentarios


bottom of page