top of page

Претседателката Сиљановска Давкова на Македонија бојадиса велигденски јајца

11.04.2026 April Sabota

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за христијанскиот празник Велигден бојадисала велигденски јајца. Фотографијата ја сподели на Фејсбук и истакна дека чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност.

-Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува. Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник, објави Сиљановска – Давкова на својата Фејсбук страница.

Претседателката посочува дека со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение.


 
 
 

Comments


bottom of page