top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Претсатвата „Аудиција“ премиерно утревечер во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

„Аудиција“ од Алекандар Галин во режија на Владимир Милчин е новата претстава што премиерно ќе биде изведена утре од 20 часот на сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Јасмина Мицовска Станкоска, директор на ЦК „Марко Цепенков“, во чиј состав е театарот „Војдан Чернодрински“, посочи дека ова е прва премиера на театарот од годишната програма поддржана од Министерството за култура и дека како ансамбл им било задоволство да работат со режисерот Милчин.

Преводот на текстот е на Сузана Киранџиска, изборот на музиката на режисерот се на Ема Маркоска Милчин, сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимографијата на Марија Пупучевска.

-Текстот е нешто што е неизбежен од модерниот репертоар на театрите и се занимава во светот во кој живееме. Се работи за текст кој боли, горчлива комедија. Сега текстот тука значи многу повеќе откако се појавил пред десетина години. Поинаква претстава е нашата „Аудиција“, става маркери каде се случува, а се случува во Македонија, во која уште се среќаваат знаци од минатото, заборавени знамиња, бисти по подруми, петокраки,… како да сме го избришале минатото. Многу е страшно тоа. Говори за копнежот по подобар живот. Процесот одеше без сопнување. Секогаш имавме волја да се разбереме. Немаше отпор. Мислам дека ова е ќе биде претстава што ќе се памети. Прилеп и прилепчани се надевам дека ќе бидат задоволни – рече на денешната прес конференција режисерот Владимир Милчин.

Во претставата играат Марија С. Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.

Авторот на текстот Александар Галин е еден од најпродуктивните, најпознатите и најизведуваните современи руски драмски автори. Галин важи за следбеник на руската комедиографска традиција започната во царска Русија со Гогољ и Сухово Кобилин и продолжена во Сталиновиот СССР со Мајаковски и Ердман. Драмите на Галин се изведени и во московскиот МХАТ, лондонскиот Кралски шекспировски театар, парискиот Одеон и берлинскиот Шилер театар.

Ка.М.


2 views

Comments


bottom of page