Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од ова
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земјаСветските медиуми пред извесен период лиферуваа вест која би можела да претставува преседан на едно Светско првенство.
Имено, ФИФА сериозно размислува да ја санкционира репрезентацијата на Еквадор која се терети за фалсификување на документи на свој репрезентативец кој редовно настапувал во квалификациите за Мундијалот.
Станува збор за Бајрон Давид Кастиљо кој играл за Еквадор, но наводно бил Колумбиец со фалсификувани документи. Токму затоа е покрената истрага, а конечниот резултат на истата би можел да го донесе веќе најавениот преседан.
Имено, Италија која во бараж дуелите за пласман на Светското првенство беше елиминирана од Македонија би можела да се најде во Катар како најдобро рангирана репрезентација која не успеала да обезбеди учество на турнирот.
Дека таквите шанси се и тоа како големи потврди и некогашниот висок член на Олимпискиот комитет на Италија, а сега прв човек на голф федерацијата на оваа земја, Франко Кименти.
– Можно е Италија да се спаси и да игра на Светското првенство. Постојат поголеми шанси за тоа отколку што мислите вие. Изгледа дека Еквадор ќе плати поради големата грешка и поставувањето во тимот на играч кој немал право за настап.
– Постои правило во ФИФА кое налага во вакви ситуации, репрезентацијата со највисока позиција на ранг листата да се пласира на Светското првенство. Во овој случај тоа е Италија и такви се правилата на играта,- изјави Кименти.
Comments