Премиерлигашкото засилување за Милан: Ја имав најдобрата сезона со Сари, сега ќе играм на иста позиц
Премиерлигашкото засилување за Милан: Ја имав најдобрата сезона со Сари, сега ќе играм на иста позиција
Милан е убедливо најакативен на трансфер пазарот и веќе потврди седум летни засилувања, од кои две дојдоа од редовите на англискиот премиерлигаш Челси.
Рубен Лофтус Чик и Криситјан Пулишич повторно ќе ја делат соблекувалната и ќе бидат соиграчи во Милан, а двајцата веќе се адаптираат на новите услови и новиот систем кој го практикува тренерот Стефано Пиоли.
Лофтус Чик прв се пресели меѓу „росонерите“ и имаше време побрзо да се адаптира во новата средина, која тој смета дека е идеална за негов понатамошен развој.
– Доаѓањето во нова земја во која се зборува друг јазик, секогаш носи голем предизвик. Мора да кажам дека соиграчите кои зборуваат англиски навистина ми помогнаа и направија да ја надминам првата бариера. Се чувствувам навистина добро, јас сум на вистинското место.
– Изминативе недели научив што бара тренерот од мене. Пиоли бара да играме напаѓачки, агресивен и офанзивен фудбал. Бара да имаме флуидни маневри на теренот и да бидеме во постојано движење. Во сезоната со Сари во Челси, успеав да постигам 10 гола и тоа беше така бидејќи бев поставен поофанзивно на теренот. Сега се бара истото од мене и ќе се обидам да одиграм таква сезона и да заборавам на повредите кои ме измачуваа во последно време, – изјави Лофтус Чик.
Comments