top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Премиерлигашка ѕвезда: Ќе биде скандал ако Меси ја освои „Златната топка“

Останува уште многу малку време до доделувањето на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот „Златната топка“ која според некои информации ќе заврши во рацете на Лионел Меси.

Ова не е потврдено и се очекува официјалниот одговор да го дознаеме наредната седмица, но во меѓувреме имаме некои реакции на оваа тема и тоа од имиња кои се уште се активни во Премиер лигата. Таков е случајот со напаѓачот на Вест Хем, Микел Антонио кој смета дека ќе биде скандал ако признание заврши кај Меси, а не кај Ерлинг Халанд кој со Манчестер Сити ја освои тројната круна.

-Разбирам дека освојувањето на СП на Меси е огромно, но не можете за тргнете на страна тим кој освои тројна круна и што Халанд придонесе кон тоа, соборувајќи рекорди. Тој ја заслужува таа Златна топка. Ако не ја добие, тогаш тоа е скандал, -вели Антонио кој доби поддршка од членот на Њукасл, Калум Вилсон.

-Тоа што Халанд го направи минатата сезона не може да се занемари. Ако го одземеш меѓународниот фудбал и споредуваш статистички… Халанд треба да ја добие наградата. Не можете да гледате покрај Меси и првото негово СП бидејќи тоа е голем фактор што придонесува, но клупски тој игра во Америка што е многу различно од Халанд во Премиер лигата, -порача Вилсон за „Footballer’s Football Podcast“.


0 views

Comments


bottom of page