Search
Премиерлигашите трошеа најмногу, Челси потрошил повеќе од сите клубови од Серија А, Ла Лига и Бундес
Вчера заврши зимскиот преоден рок кој ќе остане запаметен во историјата како преоден рок во кој се потрошиле најмногу пари. Најголеми трошачи повторно беа клубовите од Премиер лигата кои не штедеа пари за ангажман на нови засилувања, а најмногу од сите потроши тимот на Челси. Премиерлигашите потрошиле вкупно 815 милиони фунти во преодниот рок, а од нив Челси потрошил дури 323 милиони фунти или 37% од вкупната потрошувачка. Колку трошеле Англичаните говори и фактот што Челси потрошил повеќе пари од сите клубови од Серија А, Ла Лига, Бундеслигата и Лига 1 заедно. Во споредба со минатогодишниот јануарски преоден рок, потрошувачката на клубовите од Премиер лигата е дури за три пати поголема.
Comments