Премиерата на претставата „Грдиот“ презакажана за вечерва на “Гола месечина“
- Aleksandar Santovski
- Sep 16, 2021
- 1 min read
16.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Премиерата „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ што вчеравечер требаше да се одржи во рамките на традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ е презакажана за вечерва во 21:00 часот во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Претставата е презакажана поради технички пречки во електричната инсталација. Билетите што граѓаните ги добија вчера ќе важат и за вечерва.
Рокада за понеделник е направена и за претставата „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“, која според првичниот репертоар требаше да се одржи вечерва.
ЧЕТВРТОК (16.9.2021) „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ ПЕТОК (17.9.2021) „Што е силеџија“ на НУ „Театар за деца и младинци“ САБОТА (18.9.2021) „Мој термин“ на НУ „Македонски народен театар“ НЕДЕЛА (19.9.2021) „Вообразен болен“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (Куманово) ПОНЕДЕЛНИК (20.9.2021) „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“

Comments