Премиера на филмот „Фениксот од Кавадарци“
Во Кинотека на Македонија, денеска, со почеток во 12 часот премиерно ќе биде прикажан документарно-играниот филм „Фениксот од Кавадарци“ реализиран со финансиска поддршка на Филмскиот фонд. Филмот е сниман на повеќе локации во Скопје и Кавадарци. Сценарист и режисер е Мишо Нетков, главен продуцент и монтажер Миле Петковски, актер наратор Гоце Ристовски, костимограф Живко Трајчевски, аниматор Бојан Секуловски, камермани Кристијан Теодоров и Георге Трајковски. Филмот говори за Васил Хаџиманов, фармацевт по диплома но музички образован, го владеел нотното писмо, свирел пијано и гитара и бил несекојдневен интерпретатор на изворни македонски народни песни. Благодарение на неговата дејност како собирач на народни песни зачуван е огромен фонд од македонското народно творештво со нотен и текстуален запис. Васил Хаџиманов бил и златоуст пеач кој уште на почетокот на минатиот век бил особено популарен на многу балкански радиостаници изведувајќи македонски песни на македонски јазик.
Comments