top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Премиера на театарската претстава „Куклен дом“ во Битола

Денес, среда, 15 ноември, во 19 часот, ќе се одржи премиерата на театарската претстава „Куклен дом“ по текстови на Хенрик Ибзен, како и по авторски материјали на Билјана Крајчевска. Претставата е во продукција на „Интимен театар“ – Битола, а режијата е на Софија Ристевска-Петрушева. Во претставата играат актерите Валентин Дамчевски и Катерина Аневска-Дранговска. Овој проект е поддржан од Министерството за култура, а ќе се игра во просториите на приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“ – Битола. На 16 ноември, вторник, во 14 часот, исто така во просториите на приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“ – Битола, „Интимен театар“ ќе одржи финална презентација на резултатите од мноштвото работилници одржани со старите лица во склоп на интердисциплинарниот проект „Современите перформативни уметности како алатка за подобрување на квалитетот на живот на старите лица“. И овој проект е исто така поддржан од Министерството за култура.




0 views

Comments


bottom of page