top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Премиера на театарската претстава „Женидба“ во Народен Театар Штип

Утревечер во Народниот театар во Штип, со почеток од 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Женидба“.

Режисер: Љупчо Ѓоргиевски Драматург: Габриела Коцева Тулиев Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Андреј Ѓоргиевски – Папаз Дизајн на плакат: Валентин Светозарев Избор на музика: Љупчо Ѓоргиевски и Милорад Ангелов

Играат: Агафја Тихоновна – Марија Минчева Андонов Иван Кузмич Поткалјосин – Милорад Ангелов Иван Фомич Кочкарјов – Ефтим Трајчов Ѓаурски Фјокла Ивановна – Анѓелка Нашкова Иван Павлович Кајгана – Миле Вратеовски Балтазар Балтазарович Жевакин – Пеце Ристевски Никифор Иванович Анучкин – Даријан Петров Арина Пантелејмоновна – Валентина Ѓоргиевска Степан – Миланчо Георгиев Роне Дуњашка – Стефанија Митовска

Техничка екипа: Суфлер: Лида Рогожарева Светло: Методи Саздов Тон: Горги Чапов Реквизитер: Димитар Влахов Гардеробер: Моника Гачева Декоратери: Александар Талевски, Перо Иванов

Гогољ во „Женидба“ во прв план ги става, за да ги исмее, општествените аномалии од неговото време: лицемерието, желбата за статус по секоја цена, робувањето на нормите на граѓанското општество. Но, оваа драма е актуелна и денес токму поради нејзиниот психолошки слој, односно, маестрално изнијансираните ликови кои не се црно-бели, туку се многу живописни, но истовремено и подложни на осуди и сожалувања, кои поради сопствената безволност и нерасположеност на духот и стравот да излезат од сопствената комфорна зона не се во состојба да направат каков било чекор во своите животи.За да ги разбереме ликовите денес, се што треба да направиме е да се погледнеме во огледало.

Билетите можат да се купат на билетарницата на Театар Штип.


0 views

Comments


bottom of page