Премиера на дипломската претстава „Шопинг енд факинг“
Премиера на дипломската претстава „Шопинг енд факинг“, во режија на Шенај Мандак, ќе се одржи во Турскиот театар во Скопје, вечерва, во 20 часот. Во претставата играат: Метин Ибрахим, Стефанија Начевска, Селпин Керим, Ебру Мусли, Хакан Даци. – Денешната цивилизација е добредојде за следните генерации, принудувајќи ги да прифатат одредена нормала, која таа ја обезбедува како погодна околност на постоењето. Но кога во таа навидум функционална и просперитетна нормала сведочевме на огромни катастрофи во изминативе години, сакавме да поверуваме дека можеби војната, болеста, социјалното ропство, консумеризмот, емотивниот и моралниот пад…можеби тие ќе бидат причина да се свртиме кон себе и да размислиме што правиме погрешно – се вели во најавата.
Претставата не се обидува да даде одговор или некакво решение за актуелните проблеми, туку ги поставува прашањата, верувајќи дека ќе успее да допре до гледачот и ќе поттикне разговор на овие теми.
Comentários