top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Премиера на биографскиот филм за Бајруш Мјаку на „ДокуФест“

11.08.2021 Avgust Sreda

Долгометражен документарен филм посветен на доајенот на македонската и албанската театарска сцена Бајруш Мјаку утре премиерно ќе биде прикажан на „ДокуФест“ во косовскиот град Призрен.

Документарецот „101 улога 102 живота, Бајруш Мјаку“ во продукција на „Еклипс 92“, по сценарио на Решат Камбери и режија на Филип Херин, е биографски филм за актерот Бајруш Мјаку. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, а во тек се активни апликации на повеќе интернациоанлни фестивали.

Актерот Мјаку со голем успех ги реализира ликовите на Крал Лир (Крал Лир, Шекспир), Лени Смол (Глувци и Луѓе, Штајнбек), Вујко Вања (Вујко Вања, Чехов), Капетанот Адолф, (Татко-Стриндберг), Генералот (Генералот на мртвата војска, Кадаре), Баал (Баал, Брехт), Сократ (Сократ, Платон), Д-р Стокман (Народен непријател, Ибзен), Peer GYNT III, (Peer GYNT, Ибзен), Попришкин (Дневникот на лудиот, Гогољ).

Добитник е на многу државни и интернационални награди.


1 view

Comments


bottom of page