top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Премиера на балетската претстава “Жизел“ обновена по 22 години

Балетската претстава „Жизел“ која по цели 22 години е обновена ќе се одигра на сцената на Националната опера и балет на 30 октомври со почеток во 20 часот.

„Жизел“ е магична и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам.

Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, според кореографијата на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Пасариќ е хрватска примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, како и поранешен директор на Балетот на Хрватско народно казалиште (ХНК) во Загреб.

На премиерата со оркестарот на Национална опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ. Костимите се дело на нашиот долгогодишен соработник, познатиот костимограф Александар Ношпал, кој за оваа балетска премиера заедно со Михајло Стојановски ја изработија и сценографијата. Репетитори се Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжителна е заштитна маска.


0 views

Comments


bottom of page