top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Прекинато снимањето на воената драма на Том Хенкс и Стивен Спилберг

09.06.2021 Juni Sreda

Снимањето на новата минисерија драма на Том Хенкс и Стивен Спилберг е ставено на чекање откако еден од главните протагонисти бил позитивен на тестот за Ковид-19. Според весникот „Сан“, повеќе членови на актерскиот и техничкиот тим на драмата од Втората светска војна, Masters of the Air („Господари на воздухот“), која Хенкс и Спилберг ја продуцираат заедно со Кери Фукунага, биле принудени да се самоизолираат заедно со неименуваниот главен актер. Весникот додава дека сите биле многу лути бидејќи актерот се заразил со вирусот надвор од продукцијата, односно дека не ги почитувал препораките за заштита кога немал снимање. „Сите се многу бесни. Се разбира дека лицето што фатило Ковид го добило надвор од продукцијата. Но секако, тоа значи дека другите мора да се самоизолираат наредниов период“, рекол инсајдерот. Снимањето на серијата драма на „Епл ТВ плус“ се одвиваше на две локации во Велика Британија – Абингдон Еарфилд во Оксфорд и Њуленд Парк во Бакингемшир. „Господари на воздухот“ ја следи личната историја на американски и британски бомбардери кои се бореле против војската на Хитлер за време на Втората светска војна.



2 views

Comments


bottom of page