Предновогодишна музичка бајка на Сара Мејс и „Крисмас грлс“ со Камерниот оркестар на Битола во Филха
Предновогодишниот период е секогаш резервиран за убави нешта, а 18 декември е датум резервиран за нова предновогодишна концертна бајка, со Сара Мејс и „Крисмас грлс“ (Sarah Mace & the Christmas Girl)s и Камерниот оркестар на Битола. Под диригентската палка на единствениот Владимир Димовски, концертот ќе донесе новогодишна атмосфера во Македонска филхармонија, а и ќе ја оживее премиерата на една поинаква зимска концертна приказна, насловена како „Jingle Bells Symphony“.
Концертот ќе започне во 20 часот и ќе вклучува нови аранжмани за оркестар и пет уникатни женски вокали. Публиката ќе има прилика да ужива во изведбата на светски најпопуларните божиќни песни, како „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“ и многу други.
Фото: Плакат/Македонска филхармонија
Овој бајковит музички репертоар ќе биде отпеан од исклучителните вокали на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, зачинет со звуците на маестралните музичари од Камерниот оркестар на Битола.
Инаку, покрај најавата на концертот за месец декември, Сара Мејс изминатиот викенд снимаше видео запис за нејзината нова песна, „Очи вселена“, кој премиерно ќе биде прикажан во текот на следната седмица.
М.Т
Comments