top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик разгледан на владина седница

На денешната седница на Владата е разгледан и утврден текстот на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, чиј предлагач е Министерството за култура.

Како што соопшти владината прес-служба, предлогот се заснова на: подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација; почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока.

-Постојниот Закон за употребата на македонскиот јазик нуди многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика коишто, според Министерството за култура, е потребно да се прошират и со дополнителни механизми, што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба. Од тие причини, се предлага донесување нов закон за употребата на македонскиот јазик, со којшто ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, наведува прес-службата на Владата.

Појаснува дека со новиот закон ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа, службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.

-Со Предлог-законот ќе се даде правна основа за донесување национална стратегија за македонскиот јазик. Министерството за образование и наука ќе објавува конкурси за стипендирање кадар за изучување на македонскиот јазик. Како и досега – и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца. За вршење инспекциски надзор над примената на законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, се наведува во соопштението.


1 view

Comentários


bottom of page