„Предавникот“ се врати во Филаделфија и се посрамоти од „пенал“ линијата (Видео)
Бен Симонс за првпат се врати во Филаделфија откако беше трејдуван во Бруклин изминатово лето, па како што можеше да се очекува, доби пеколен пречек во „Велс Фарго“ центарот.
Навивачите на Филаделфија не покажаа никаква симпатија кон својата поранешна ѕвезда, а статусот на „предавник“ доби уште поголемо значење ако се земе во предвид дека во лудата атмосфера се вклучи и спикерот.
Тој вети дека цела сала ќе добие пилешки нагетси доколку Симонс промаши две слободни фрлања во низа во второто полувреме, па откако се случи тоа, настана вистинска ерупција меѓу навивачите на Филаделфија.
Претходно, Симонс ги замолнуваше домашните фанови во моментите кога му одеше добро на теренот, но сите во Филаделфија се потсетија на неговите бледи изданија откако не забелеша ниту еден поен и ниту една асистенција во последната четвртина.
И без Ембид и Харден во својот тим, Филаделфија на крајот успеа да победи со 115:106, а дефинитивно губитник на вечерта беше Симонс.
Comments