top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пред јубилеjниот концерт ДНК ја претставија новата песна „Романи“

Љубителите на групата ДНК, која годинава прославува голем јубилеј, 20 години на македонската музичка сцена, веќе ги одбројуваат деновите до 3 декември кога во СКЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се случи нивниот голем јубилеен концерт, со кој ќе го одбележат својот роденден.

Како подарок за обожавателите Андреј Ѓорѓиески и Владимир Блажев, или едноставно Андреј и Панчо на прес-конференција го претставија својот нов албум, симболично наречен „Дваесет“, а новиот сингл „Романи“ точно во 20 часот беше промовиран на социјалните мрежи и на нивниот официјален музички канал.

– Луѓе убави „Романи“ е нашиот нов и последен сингл, со кој го затворивме албумот насловен „Дваесет“. Се надеваме дека ќе ви се допадне, и многумина од вас ќе ја посветат на своите сакани. Станува збор за една убава љубовна тема, метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј.Се гледаме на концерт на 3 декември во арената „Борис Трајковски“, а во меѓувреме преслушајте ја, научете ја и дојдете подготвени на концерт“ – велат Панчо и Андреј.

Интересниот спот, во кој освен Панчо и Андреј се појавува и атрактивната Ана Парлапанова, снимен во Турција, го режираше Даниел Јовески.

Во својата посвета Панчо вели дека новиот албум „Дваесет“ им го псоевтува на своите два сина Андреја и Марјан, неговата вечна љубов, инспирација и мотив за работа, како и на неговите најблиски, но и на нивниот трет член Лазар Цветковски, без кого „ДНК“ немаше да опстојат изминатите 20 години.

Андреј пак „Дваесет“ им го посветува на неговите две девојки Наталија и Јана, како и на сите луѓе кои ја слушаат и поддржуваат групата во изминатите 20 години.

Голема благодарност тие упатија и до сите новинари, печатени и електронски медиуми кои им дадоа безрезервна поддршка за големиот, јубилеен концерт, но и во текот на целата кариера.

На албумот, меѓу песните е и „Ако утре ме нема“, што ја снимија на почетокот на летото, со голем број познати личности, а главни гости беа членовите на „Џамбо Агушев“ оркестар. Песната стана голем хит, а беше препеана и од регионалната ѕвезда Џенан Лончаревиќ, кој најверојатано ќе биде и гостин на концертот,заедно, со Џамбо и неговите музичари. Сепак, момците од ДНК не го поврдија тоа,сакајќи нешто да остават и како изненадување за публиката, на самиот концерт.

Како што најавија Панчо и Андреј, на сцената заедно со нив ќе запее и Тамара Тодевска, како и Магдалена Цветкоска – Ена, Јанг Дади и многу други.

На прес-конференцијата беш соопштено дека продажбата на влезниците, кои се со достапни цени, оди одличлно, а влезот за деца до 9 години е бесплатен.

Исто така дел од средствата ќе бидат наменети за хумани вели, односно за фондацијата „Марко оние со попреченост.

Бидејќи Панчо и Андреј се познати по својата хуманост и дел од средствата од продабата на албумот на самиот концерт исто така ќе бидат наменети за фондацијата „Марко Божиновски“, а посетителите кои ќе купат цеде, како награда за донација ќе имаат можност да се сретнат со членовите на ДНК по завршувањето на концертот и да се фотиграфираат со нив.

На прашањето на новинарите, дали се точни информациите дека Андреј веќе нема да биде член на ДНК по концертот во „Борис Трајковски“, бидејќи со семејството ќе замине во странство, одговорот беше дека евентуалната реазделба нема да ја спречи нивната соработка, па и одржувањето на концерти во иднина.

Панчо, изрази жалење што концертот не го помогнале поголемите домашни фирми и компании, како и Министерството за култура.

– Сепак, ние сите овие години постоевме за нашата публика, веќе неколку генерации израснаа со нашите песни, кои токму блаодарение на нашите обожаватели се уште се слушаат и пеат на нашите концерти и станаа дел од нивната ДНК – велат Андреј и Панчо. М.Т.






2 views

Comments


bottom of page