24.05.2023 Maj Sreda
Пред четири години и загина едниот син, пред шест месеци ѝ почина и другото дете: суровиот живот на Тина Тарнер Легендарната рок-пејачка Тина Тарнер која по долго боледување почина денеска во Швајцарија кадешто живееше последните години. Ќе остане запаметена како една од најпродаваните пејачки во музичката историја со преку 200 милиони примероци на албуми. Пред камерите беше лавица, но позади нив имаше суров живот исполнет со насилство, но и со големи семејни трагедии. Пред само шест месеци во својот дом во Лос Анџелес беше пронајден мртов нејзиниот 62-годишен син Рони Тарнер кој наводно подолго време се борел со канцер. Пред само четири години, почина и најстариот син на легендарната пејачка која го доби од врската со саксафонистот Рејмонд Хил. Во младоста била жртва на семејно насилство во нејзината турбулентна врска со музичарот Ајк Тарнер. Со него беше во брак од 1962 до 1978 година. Ајк го запознала во ноќен клуб кога имала 19 години и веднаш почнале да соработуваат, а првиот хит River Deep, Mountain High ги донесе на топ-листите. Но, тогаш почнал и кошмарот. Ајк почал секојдневно да ја малтретира и тоа со жестоки тупаници, клоци и многу често завршувала со крв и модринки. Љубовта на својот живот ја запознава во 1985 година. Тина тогаш живеела во Цирих и на забава на една издавачка куќа го запознала својот иден сопруг, продуцент на германската музика, шеснаесет години помладиот Ервин Бах со кој година дена подоцна почнува да се забавува.
Comments